четврток, април 25, 2024
домаЕрдоган од Ципрас бара ревизија на границите

Ердоган од Ципрас бара ревизија на границите

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган пристигна денеска во Атина на историска дводневна посета, што се фокусира на голем број прашања, вклучувајќи ги и територијалните проблеми во Егејското Море и екстрадицијата на турските офицери кои слетаа во Грција по превратот во Турција, информираат грчките медиуми.

Првиот турски шеф на државата, кој ќе ја посети Грција по 65 години, Реџеп Таип Ердоган, денеска на агендата ги има средбите со политичката елита на Грција,  пред утре да отпатува в во Тракија, северна Грција, на средби со претставници на муслиманската заедница во регионот.

Во интервју за Скај телевизија Ердоган сеуште не тргнат на пат за Атина, предложи Договорот од Лозана, кој ги истакнува современите граници меѓу Грција и Турција, да бидат ревидирани, потенцирајќи дека ваквиот потег може да биде од корист за двете страни. Сепак, тој нема да разговара за можноста за откажување на “casus belli” во Анкара против Атина. Ердоган, исто така, инсистира на тоа Грција да ги врати турските воени офицери, кои избегаа во Грција минатата година и  на кои им беше дадено засолниште, откако Врховниот суд го отфрли барањето на Анкара за нивна екстрадиција. Од своја страна Ципрас во интервју за турската агенција Анадолу ја истакна потребата од почитување на Договорот од Лозана и олеснување на тензиите во Егејското Море, каде се зголеми кршењето на грчкиот воздушен простор од турските борбени авиони. Друго важно прашање на агендата е бегалската криза, како резултат на зголемувањето на доаѓањето на имигранти од Турција во последниве месеци. Грција сака Турција да постигне договор со Европската унија околу проблемот со шверц на луѓе, потпишан во март 2016 година, но влошените односи на Анкара со Брисел предизвикуваат загриженост. Ќе се дискутираат економските односи, фокусирајќи се на енергија, трговија и транспорт, велат грчки владини извори.

Безбедносните мерки во Атина се драконски. Околу 2.500 полицајци и командоси од вчера се наоѓаат во центарот на грчкиот главен град.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ