Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје, најави Авалон продукција. После концертот на Стинг, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан.

Во рамките на својата светска турнеја „Vita ce n`e’“ која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, Ерос Рамацоти ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто ЕРОС доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Концертот на Ерос Рамацоти во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Стинг, ако се земе во предвид капацитетот на салата.

Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Ерос Рамацоти во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати во среда во 21 часот. Влезниците за концертот на Ерос Рамацоти, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена утревечер со останатите информации.