Највисокиот европски вулкан, Етна на Сицилија, еруптираше во текот на ноќта и исфрлаше пепел и лава во висина и до 100 метри.

Активноста на вулканот на неговиот југоисточен кратер е регистрирана во неделата во 21.20 часот, а за еден час и половина, интензитетот на експлозиите се засилил од среден до многу голем, пренесува британски „Сан“.

Советодавниот центар за вулканска пепел од Тулуз објави дека од кратерот излегуваат фонтани со лава високи и до 100 метри, а дека густата пепел летала во висина до пет километри, како и дека пепелта паднала врз селата и градовите јужно од вулканот.

Исто така, беше објавено дека звуците од вулканот се слушале до Калабрија, како и дека е регистриран земјотрес со јачина од 2,7 степени на падините на Етна, но не е познато со што е поврзан.

Во минатото, најголемите ерупции на Етна биле во 12 и 17 век, кога загинале 15.000 лица, односно кога биле уништени 15 села. А.Н.