Вулканот Етна со нови ерупции Фото EPA - Orietta Scardino

Етна повторно еруптираше. Новите ерупции започнаа на почетокот на оваа недела, а вулканот со денови исфрла облаци чад и пепел во воздухот.

Фонтаната лава што ја исфрли Етна надмина надморска височина од 1.500 метри, пишува „Гардијан“.

Етна е најактивниот европски вулкан, а вечерашната ерупција многумина ја опишуваат како една од најспектакуларните во последните неколку децении. Последната голема ерупција се случи во 1992 година.

Ерупциите на Етна ретко предизвикуваат голема материјална штета или човечки жртви, пишува „Би-Би-Си“, па локалните власти не очекуваат вчерашната ерупција да предизвика поголеми проблеми.

„Ова сигурно беше една од најспектакуларните ерупции во последните децении“, рече Борис Бенке, вулканолог од Националниот институт за геофизика. А.Н.