Евростат проценува дека економијата во ЕУ падна за 4,3 проценти, во споредба со истиот период во 2019 година. Потсетуваме, на крајот на октомври беше дадена проценка на пад од 3,9 проценти.

Сепак, активностите значително ослабнаа, особено во Шпанија, каде се чувствува најголем пад (8,7%). Земјата изгуби повеќе од милион работни места од почетокот на пандемијата.

Проценката на Евростат за еврозоната исто така се смени: сега се зборува за пад на активноста од 4,4 проценти, што е поголем за 0,1 процентен поен, во споредба со претходните бројки.

Колку и да изгледаат лоши овие бројки, тие всушност се сигнал дека економијата на Унијата закрепнува, бидејќи во периодот од април до јуни (2-ри квартал) е забележан рекорден пад – 13,9 проценти во ЕУ и 14,8 проценти во еврозоната.

Евростат за оваа анализа користел податоци од 19 земји, а недостасувале податоци за Хрватска, Естонија, Ирска, Грција, Луксембург и Словенија.

По Шпанија, најлошо поминаа Португалија и Романија.

Ал.Н.