четврток, април 25, 2024
домаЕУ: Донација од околу 65 милиони вакцини за сиромашните земји

ЕУ: Донација од околу 65 милиони вакцини за сиромашните земји

Европската унија може да донира околу пет проценти од вакцините што ги нарачала за свои потреби на сиромашните земји, дознава Ројтерс од интерен документ. Доколку овој план предложен од француската влада се реализира, постои ризик дека шемата за дистрибуција предвидена за сиромашните земји од Светската здравствена организација ќе биде загрозена.

Сепак, овој предлог на француската влада би можел да се реализира само доколку ЕУ има вишок вакцини, кои досега ги нарачала од компаниите „Фајзер / Бионтек“, „Модерна“,„ Џонсон и Џонсон“, „АстраЗенека / Оксфорд“, „Санофи / ГСК“ и „КјурВак“.

Во документот подготвен од кабинетот на палатата Матињон се вели дека „донацијата на вакцини на сиромашните земји од фондовите на ЕУ би било, на краток рок, најефикасниот начин да се оствари амбициозниот план за вакцината како јавно добро“.

ЕУ нарача вкупно 1,3 милијарди дози од вакцината против ковид-19, а доколку се прифати францускиот предлог и доколку се покаже дека е изводлив, околу 65 милиони дози би биле донирани во сиромашните земји. А.Р.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ