четврток, април 25, 2024
домаНасловнаЕУ со 2000 евра ќе ги враќа мигрантите дома

ЕУ со 2000 евра ќе ги враќа мигрантите дома

Комесарот за внатрешни работи на Европската унија, Илва Јохансон, во четвртокот објави од Атина дека Брисел ќе понуди 2.000 евра (2.250 американски долари) на секој мигрант кој моментно се наоѓа на грчките острови со цел да се врати во неговата земја на потекло. На овие мигранти од Лезбос, Хиос и Самос, како и од другите помали острови на Источен Егеј, ќе им треба само еден месец да се пријават за доброволно враќање, за да можат да ги добијат парите, пренесува Greek Reporter.
Европската унија нема намера да ја направи трајна оваа шема, бидејќи таков план би можел да функционира како магнет за оние што моментално живеат во Турција.

„Бегалците нема да се вратат – се разбира, тие не можат да се вратат – но економските мигранти кои нема да добијат позитивна одлука за азил би можеле да бидат заинтересирани да го сторат тоа“, им рече Јохансон на новинарите по состанокот што го одржа со грчкиот министер за миграција Нотис Митарачи

Во моментов на грчките острови домуваат десетици илјади мигранти.

 

RELATED ARTICLES

Most Popular