Вакцина „АстраЗенека“ Фото EPA-EFE-Daniel Dal Zennaro

Европската комисија се подготвува да започне правна постапка против производителот на вакцини „АстраЗенека“, објави во средата вечерта „Политико“ повикувајќи се на пет неименувани дипломати на ЕУ.

На состанокот на амбасадорите во средата, повеќето земји од ЕУ изјавија дека ќе поддржат тужба против компанијата во врска со поплаки дека не ги доставила ветените вакцини, се додава во извештајот.

Целта на правната постапка е „АстраЗенека“ да биде обврзана да ги осигура дозите утврдени со нивниот договор со ЕУ, се наведува во извештајот, пренесува Ројтерс. А.Н.