Како што потсетува Хина, вчера било утврдено дека морето на плажата кај хотелот „Парк“ во Корчула е загадено со измет, односно бактеријата „Ешерихија коли“.
Согласно Уредбата за квалитетот на морето за капење, земањето мостри од морето ќе се повторува се додека не престане загадувањето, а ќе бидат известени Инспекторатот за заштита на животната средина и други надлежни инспекции, пренесува Хина.

Бактеријата Ешерихија коли, исто така, го загади морето на плажата во Дубровничкиот Сумартин залив во четвртокот, што беше потврдено со извештајот од Заводот за јавно здравје на округот, така што капењето не се препорачува на таа плажа сè додека не се донесе друга одлука.

Ал.Н.