Во текот на следните триесет дена Глобалната мрежа на жени градители на мирот (GNWP) го бојкотира Фејсбук. Во писмото што го споделија до меѓународните движења за човекови права се вели дека ќе ги стипораат сите активности со цел да ја подигнат свеста за улогата на платформата во загрозувањето на мирот и демократијата.

„Велиме ДОСТА! Фејсбук мора да биде повикан на одговорност и да се реформира за да се спречат дезинформациите, кршењето на човековите права и „војната“ што се води за се. Дезинформациите и лажните вести на Фејсбук достигнаа невиден број, со невидена брзина. Најголемата досега спроведена студија за лажни вести, спроведена од научници за податоци од Институтот за технологија во Масачусетс (МИТ), покажува дека лажните информации на социјалните мрежи се шират побрзо и достигнуваат до повеќе луѓе отколку вистинските информации.
Не можеме повеќе да замижуваме на тоа како Фејсбук споделува широко распространети и сеприсутни кршења на човековите права што им се закануваат на сите луѓе, но диспропорционално влијаат на маргинализираните групи, како што се жени, лезбејки, геј, бисексуалци, трансродови, квир, интерсексуалци, асексуалци (ЛГБТЦИА + ) луѓе и други малцински групи.“ -се вели во соопштението на GNWP.

Во соопштението ги опишаа и примерите од целиот свет за да ја илустрираат потребата од креевање на гласот против активноста на Фејсбук:

Во Сомалија, платформите на социјалните медиуми беа користени од насилни екстремистички групи за да емитуваат пропаганда и да регрутираат приврзаници.
Во Авганистан, Камерун и Ирак, вооружените партии (вклучително и недржавни групи, како што се Талибанците, англофонските сепаратисти и ИСИС), се потпираат на социјалните мрежи за да регрутираат борци, да ги координираат движењата и да промовираат наративи за војната.
Во Јужен Судан, социјалните медиуми беа изманипулирани за да поттикнат насилство и конфликт за време на кризата во 2013 година. Студијата покажа дека три четвртина од истражуваните профили на Фејсбук биле „длабоко вклучени во дезинформација на јавноста преку измислување факти“ за да се разгорат етничките тензии.
Во САД, Фејсбук беше платформа за воспалителни и расистички коментари од полициски службеници, поттикнувајќи употреба на насилство.

Фејсбук не успева да ги заштити црните активисти од вознемирување од групи на омраза, истовремено блокирајќи ги корисниците затоа што зборуваат против расизмот.
Во Мјанмар, и покрај предупредувањата од експертите и граѓанското општество, Фејсбук не го ограничи говорот на омраза и поттикнувањето на насилство против муслиманската заедница во Мјанмар, создавајќи погодна средина за геноцид врз Рохинџите.
Во Малезија, корисник на Фејсбук го пренесуваше групното силување на жена, која Фејсбук одби да ја отстрани повеќе од три недели, собирајќи стотици прегледи. Бидејќи насилството врз жените се повеќе се препознава како „глобална здравствена грижа од размери на епидемија“, за Фејсбук е неприфатливо да толерира содржина што промовира сексуално и родово засновано насилство и да им даде платформа на силувачите и насилните сексуални престапници.

Фејсбук мора да преземе одговорност за наративите за омраза, екстремистичките и мазогинистички ставови и за поттикнувањата на насилство широко распространето низ неговите глобални платформи. Таа мора да преземе јасни и недвосмислени активности против ширењето на омраза и насилство – се вели во барањето на GNWP во кое се бара голем број на нивни приврзаници да им се придружат и да ја бојкотираат оваа мрежа во период од еден месец.

Од GNWP упатуваат и повик до Фејсбук и бараат да ги зајакне своите механизми за отчетност и проверка на фактите и да обезбеди итно отстранување на лажните содржини што поттикнуваат насилство.

„Ги повикуваме компаниите да го отстранат своето рекламирање од Фејсбук во знак на протест за соучеството на платформата во промовирање на насилство.
Ги повикуваме владите да усвојат стабилни прописи за отчетност на Фејсбук за да се спречи ширењето лажни вести, говор на омраза и насилни пораки во нивните земји.
Ги повикуваме граѓанските организации, владите, ООН и сите други актери, да ги повикаат профилите на Фејсбук што се користат за промовирање на војна и насилство, да побараат поголема отчетност и да се придружат на нашата кампања #Фејсбукпромовиранасилство за ширење на свеста за употреба на дезинформации и говор на омраза.
Н.Д.