Нивниот случај внесуваше вознемиреност во зградата , а причина за тоа беше раздразливоста на младата девојкаа од приземјето, Дороти. Имено, по заминувањето на нејзиниот постар полубрат Роберто,  во Сиднеј, нејзината мајка Драгана целото внимание го насочи кон очекување на повици од синот, и нејзините разговори постојано беа фокусирани само на синот. Потсетување, навраќање, спомени, пофалби, носталгија, меланхолија. Деветнаесетгодишната Дороти, беше целосно запоставена. Така и се почувствува самата таа, како скршена ветка по силна бура. Откорната.

Синот  на Драгата и беше посебна „слаба и болна точка“, тој беше „живиот спомен“ од врската со човекот кого во младоста го љубела повеќе од себе си , но, бидејќи не успеала да стане негова сопруга, го родила вонбрачно. Поради желбата да го порасне како самохрана мајка, да не  го остави во Дом за деца, нејзините родители просветни работници, и свртеле грб на тогаш младата професорска по француски јазик, ја оставиле да се снаоѓа сама во животот. Да изнајми стан и да замине од домот. Срамот кој им го нанела, не можат и ден денес да и го простат.

Неколку години подоцна, Драгана, неочекувано се омажила за необразованиот камионџија  Миле, и од тој брак ја има Дороти, но по неколку години и тој „исчезнал“, некаде во Германија. Се преженал со Босанка и станал татко на син. Освен за Нова година, кога и се јавува на Дороти на неколку минути, тие немаат друга комуникација со него. Всушност, неговото заминување се случило откако во едно негово лошо пијанство во кафеана силно физички нападнал случаен гостин, кој едвај преживеал, но Миле избегал од прогон и никогаш не се вратил додека „делото правно застари“.

Дороти, веќе сосема почна да ја чувствува својата младешка и семејна осаменост. Почнува да манифестира голема агресивност кон мајката, која е постојано на скајп слушалки, и не ја ни погледнуван, но исто и кон кучето Лекс, кое до неодамна многу го сакаше. Постојано е нервозна, се расправа со сите наоколу, со соседите, додека мајката и почнува да плаче и да жали само затоа што синот не и е тука. Мораше да го испрати на далечен пат, ја доби посакуваната и одлично платена работа на ИТ инжењер, токму колку да ја избегне постојаната финансиска тензичност во семејството, а и да прати некој долар дома. Сакаше да го гледа и беше многу среќна, тој како што растеше се повеќе целосно наликуваше на татко му. За прв пат после толку години, го нема тој лик пред себе.

Дороти, од скромна и мирна девојка, посветена на студиите по француски јазик, се претвора во дива личност, почна да води послободен живот и соседите веќе забележуваа поголема френфенција на млади луѓе кои влегуваат и излегувата од нивниот стан, особено кога мајка и е на работа и на дополнителните часови кои ги дава, за да преживеат.

Најголеми жртви се двајцата пензионери кои живеат над нив и и при најмала караница, или зголемата галама, им се покачува крвниот притисок и се принудени да бараат лекарска интервенција.

Целата зграда зборува за нивниот проблем. Но, се можеби ќе завршеше мирно и спокојно, доколу работите во своите „валкани раце“ не ги превзеде лукавата Мира, сосетката од два погоре, која се грижеше за тие двајца луѓе, но многу повеќе за нивната пензија и што повеќе пари да им извлече. Таа и ја повикуваше Брзата помош.

Најпрво што направи, еден ден ја повика Дороти кај неа дома, да и даде некои убави модерни блузички, кои ги носела или воопшто не ги облекла нејзината ќерка Сања, која се омажи пред некоја година. На Дороти тоа и се виде како „зрак на светлина“ во нејзиното мачно секојдневие, да прими подароци кои и се допаднаа. Тоа беше причина да почне се почесто да ја посетува на кафе, да си муабетат и се повеќе да и се доверува за сите свои проблеми.

Мира беше вешта да се наметне и да извлече се што сака, од соговорникот. Најмногу знаеше да придобие човек, во судни моменти, со нејзината наводна грижа. Ликерчето кое и беше во витрината го направи  најсилниот спој и најсилниот проблем, со младата и неискусна Дороти. Секој ден по една заедничка чашка, беше доволен повод, за Мира, да успее тајно да и се вовлече прво неа, а потоа зад грб и на Драгана, да и се понуди како пријателка, и да почне да и ја полни главата дека нејзината ќерка е хронична пијаница , зависничка од алкохол.

Но, донекаде веќе и беше во право. Работите од октомври до февруари премногу се променија, Дороти веќе не можеше да помине ден без чашка, две, три алкохол. Најпрво кај Мира, потоа и на факултет, и во нините излегувања. Кога се враќаше дома трескаше врати и не разговараше со мајка си, се повлекуваше во соба, а знаеше и неартикулирано да ги „рокне“ звучките до крај, само колку да ја вознемири мајка си, со која јазот од ден на ден беше подлабок.

Често ручаше кај самицата Мира, која и даваше и пари кога ќе земеше од пензионерите, а и кога заглавуваше до доцна, доаѓаше и на спиење кај неа, а веќе следниот ден Мира ги посетуваше останатите соседи и им ги раскажуваше „мрачните тајни на Дороти“, за да направи што повеќе и тие да ја одбегнуваат. Да и го сруши угледот и честа. Психичкото насилство пак кое им го правеше на релација мајка и ќерка, со озборување и пуштање „вода под рогозина“имаше и своја основа. Свовремено Мира се посомнева дека нејзиниот љубовник кој често доаѓаше и се сретнуваа по скали, има страсти кон тогаш убавата професорка Драгана. Тоа не беше и го простила, иако и никогаш не беше и го спомнала.

Сега најде за погоден момент да се одмазди. Прво ја убедуваше тајно дека треба да ја избрка ќерка си Дороти, кој наводно и се доверила дека планира да крене рака и да и пресуди на мајка си, некоја вечер кога ќе е поднапиена. Но, ја завети да не и кажува.

Од тогаш, Драгана постојано ја надгледувааше ќерка си, под посилен надзор и се поголема контрола, плашејќи се да не направи нешто што наумила. Да не ја повтори постапката од татко си, чие незгодно и лошо пијанство често и излегуваше пред очи..

Една вечер, навистина сетоа тоа доживеа кулминација. Дороти, поднапиена се врати дома и почна да треска и да се извикува, оној викенд кога ги потрошпи сите пари на алкохол и  снема пари за такси па мораше да се враќа ноќе пешки, седум километри во ладната ноќ. Драгана веќе беше на штрек, со самото тоа што ќерка и ја немаше до 4 изутрина. Веднаш сврти 192, повика полиција. Ја обвини својата ќерка дека има грозоморен план. Полицијата ја приведе Дороти, иако даваше отпор и силно викаше. Неколку часа испитување во станица, каде ја задржаа до следното попладне, кога Дорори колабирала. Драгана на испитувањето жестоко ја напаѓлае својата ќерка, хиперболизирајќи ја состојбата, додека Дороти плачела и се тресела. Потоа беше префрлена во болница, но кога ситуацијата се влоши со нејзината психичка состојба, докторите ја повикаа мајка да ја посети. Душата како некој со нож да и ја прободе оној момент кога ја виде Дороти на болничката постела. Списка и за зграпчи силно. Солзи и се леееја по неа. Докторите ја смируваа…

Набрзо потоа работите се расчистија. Да поднесат тужба за прикриено психично наислство врз Мира и двете ја имаа таа идеја. Но, единствено што го спречи е нефункционирањето на правниот систен како што треба, и знаеја дека ќе си ги потрошат само нервите и парите. Сепак, работите по таа случка си дојдоа на свое место, Дороти се врати во нормала, синот по таа случка се врати од Сиднеј, а вратите за Мира од нивниот дом, беа затворени засекогаш.

Валентина Ѓоргиевска Парго


(Текстот е изработен во рамки на проектот на WWDP, „Не молчи, запри го насилството врз жените“)