четврток, април 25, 2024
домаЖивотСоцијална политикаЖенски приказни: Не е срамота да се самозадоволуваш, срамота е да нападнеш...

Женски приказни: Не е срамота да се самозадоволуваш, срамота е да нападнеш невина жена!

Валентина Ѓоргиевска Парго

На денот на Борбата против насилство врз жените, 25 ноември, кога најчесто мажите ги обвинуваме за шовинизам и насилство кон жените, на фб осамна еден друг пример, во кој жена е жртва на сајбер насилство, од жени.

Имено, откако протекле снимки во кои млада разведена жена се самозадоволува со спреј пред огледало и сама се снимa, снимките на некој непознат начин се нашле во инбоксите на некои луѓе од каде пропатувале низ повеќе мобилни телефони.

Со тоа, таа станала мета на озборување,  јавно исмејување и навредување на читани женски фб групи, каде била нарекувана со погрдни зборови. Една од коментаторките по име Габриела напишала заштитнички коментар, и со иронија ги обвинува жените кои ја нападнале. Нејзиниот коментар горе – долу ја има следнава содржина:

„Леле мајко мила! Како смееше жено да се опуштиш и да се снимиш во своите четири ѕидови, како смееш воопшто да помислиш дека имаш право на интима? Аман немој да правиш нешто што речиси секоја жена го прави, ќе те личнуваме?“

Габриела се стави во одбрана на разведената сопруга и пред се мајка на малолетно дете, зошто сочувствува со ситуацијата и смета дака е недолично да биде предмет на омаловажување, за нешто што нема вина, а и не содржи никакво злодело кон други луѓе.

Ова пред се е кривично дело, поседување на туѓи приватни видео и аудио материјали, и распространување на истите, со цел омаловажување и потценување.

-Со ова може да му се нанесе и длабока траума на детето. Таа е мајка на малолетно дете кое има пристап до Интернет и социјални мрежи. Не само неа, на уште шест други жени им се украдени приватни видео материјали, кои кружат наоколу и им нанесуваат штета и деградација на личноста, вели Габриела.

Властите мора да преземат нешто во врска со тоа. Дефинитивно, во ваков случај секоја жена, (која од хакери лесно може да стане ваква мета) треба да пријави во полиција, што побрзо, и да се спречи нејзино понатамошно исмејување, вербални и психички напади.

-Не крадела туѓ маж, не била со друго момче, била сама и го задоволувала својот нагон. Зошто да биде исмејувана и потценувана јавно, а сето тоа да допира до очите на нејзиното малолетно дете, нејзиниот поранешен сопруг, нејзините блиски роднини и пријатели, додава Габриела.

Жртва на ваков атак може да стане било која жена. Со оглед на тоа дека живееме во модерно време и дека секој/а од нас си ја користи слободата и технологијата како што сака.

Случајот со крадење на голи фотографии на познати ѕвезди, најчесто е само планско искористување на момент за слава и заработка пари од таблоидите, а кај нас за нанесување на срам и понижување.

-Познавам уредничка на портал која секој месец издвојува 500 евра само за да плати инжењери кои со специјални сајбер програми ја заштитуваат да не и влезат хакери во мобилниот апарат да и ги најдат приватните фотографии и снимки. Таа е мажена, а се гледа со други мажи, и мора да се заштитува, ни открива младо момче на анонимен начин.

Но, сите жени немаат толку парични средства да одвојат за да платат и за да бидат заштитени од хакери. Поседување туѓи снимки е опасна работа, а доколку има построг закон никој не би се осмелил да ги поседува без дозвола, а најмалку да ги распрснува низ интернет и по мобилни телефони, затоа што во најмала рака тоа може да биде опасно по нечиј живот,  да нанесе голема психичка болка и растројство кај жртвата, и(ли) најблиските, да и ја загрози личната безбедност, животот, па дури и да предизвика фатална ситуација.

Текстот е дел од проектот „Не молчи, запри го насилството“ на НЧП и WWDP.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ