Синоќа, како главно музичко задоволство на годинешниот Офф фест, во МОБ се одржа концерт со ѕвездите на годинешниот фестивал, африканската кралица – Уму Сангаре. Најголемата африканска пејачка, од Мали. Публиката танцуваше во жешките африкански ритки и во гласот на оваа африканска дива. Со тоа се затвори овој фестивал, кој се одржа по 17 пат.

Програмата и годинава како и секогаш вклучи актуелни и врвни светски имиња, овој пат гости од Европа, Африка, САД и Австралија. Тие понудија десет концерти на три локации- Младинскиот културен центар, МОБ и клуб „Епицентар“.

Jupiter & Okwess, кои го отворија Оффест 2018, а во Скопје гостува по втор пат. Со нив во денсинг салата на МКЦ танцуваше цела публика.

Fighting Windmills (први јуни) беа единствената домашна група која настапи, и тие го претставија новиот албум на истиот простор, во МКЦ.Но Диртимјузик, Диртмусиц, ол-старс група со Крис Екман, Хуго Рејс и Мурат Ертел, кои се претставија во психоделично-рок издание.

Officina Zoe  од Италија на втори јуни освои  со својот хипнотички транс, во следните денови. Ifriqiyya Electrique (Тунис) и Gaye Su Akyol (Турција)  истата вечер освоија во Еицентар.

На 3 јуни пак, со почеток во 20.00 часот, во Киното Фросина во МКЦ  настапија Barmer Boys (од Индија) и Trans-Aeolian Transmission (Италија / Франција).

Оф фест, како што кажа директорот на фестивалот Оливер Белопета догодина станува полнолетен, полни 18 години. Ова е единствениот фестивал кој по својата квалитетна сдоржина му парира на Скопскиот џез фестивал, на истиот организатор.

Голем број уметници, меѓу нив и Милчо Манчевски, Влатко Стефановски, Вера Милошевска, Петар Младеновски, Владимир  и други беа во публика на Офф фест 2018, фестивал кој го разигрува и живнува срцето на градот, традиционално секоја година во крајот на мај и почетокот на јуни. Догодина, директорот, вети исто така значајни имиња и многу вистинска музика, за одбележување на полнолетството.