„Ерусалим не е само срцето на трите големи религии, сега е и срцето на една од најуспешните светски демократии“, рече Трамп. „Во текот на изминативе седум децении, Израелците изградија држава каде што припадниците на јудаизмот, муслиманите, христијаните и луѓето од другите религии живеат слободно и можат да се молат според нивните сопствени верувања.“                                                         Тој истакна дека САД „остануваат длабоко посветени на мировен договор кој ќе биде прифатлив за „Израел и Палестинците. Имам намера да сторам се што е во моја моќ за да помогнам во постигнување на таков договор“, рече Трамп.                              Американскиот претседател му телефонираше на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, на палестинскиот лидер Махмуд Абас и на уште најмалку тројца регионални лидери за да ја објасни одлуката.                                                                              Во изјавата од Белата куќа се наведува дека Трамп ја потврдил својата заложба за унапредување на израелско-палестинските мировни разговори и важноста за поддршка на овој процес.                                                                                           Од друга страна, пак, арапските и муслиманските држави предупредија дека контроверзната одлука може да ги засили тензиите во регионот и да ги уништи напорите на САД за постигнување на арапско-израелски мировен договор.
Турското Министерство за надворешни работи ја осуди одлуката на САД да го признае Ерусалим како престолнина на Израел, нарекувајќи ја „неодговорна” и го повика Вашингтон да го преиспита овој потег. Египет, исто  така, ја отфрли одлуката на САД за преместување на амбасада во Ерусалим, соопшти Министерството за надворешни работи на Египет, додавајќи дека признавањето на Ерусалим како главен израелски град од страна на Трамп, не го менува правниот статус на градот. Иранското Министерство за надворешни работи изјави дека Иран „сериозно ја осудува” одлуката на САД, со која се прекршуваат меѓународните резолуции. Саудиска Арабија, пак, изрази противење на потегот на Трамп, велејќи дека тој „ги провоцира чувствата на муслиманите ширум светот”. Катар, исто така, проценува дека одлуката за преместување на американска амбасада во Ерусалим е „опасна ескалација и смртна казна за сите оние кои сакаат мир”. Јорданскиот крал Абдулах Втори изрази загриженост во телефонски разговор со Трамп, на кој му рекол дека непочитувањето на правата на Палестинците, муслиманите и христијаните во Ерусалим, може само да предизвика ширење на екстремизмот.

На оваа одлука и претходеше изјавата на Трамп околу причините на САД зошто се повлекува од УНЕСКО пред неколку недели.