Дванаесет заболени здравствени работници се меѓу новодијагностицираните денеска, еден од Инфективната клиника во Скопје и 11 од кумановската болница. Единаесет здравствени работници од кумановската болница се позитивни на коронавирусот, што ја компромитира работата на инфективното одделение во болницата, па упатени се доктори од Скопје и Штип, а се прават епидемиолошки анкети по кои ќе се организира работата на болницата, соопшти министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција.

-Согласно податоците од денеска, како и од вчера одреден број динагностицирани случаи во Куманово, Владата дискутираше донесе одлука за продолжување на полициски час кој ќе трае од вечерва од 21 часот до понеделник до 05 часот, а за работни денови ќе трае од 16 до 5 часот. Сметаме дека со дополнителна рестрикција на движење внатре во општината покрај прекин на меѓуградскиот превоз можедополнително да спречи ширење на вирусот – рече министерот за здравство Филипче.

Во Куманово иницијалниот случај на заболен здравствен работник беше за нецели 48 часа по контакт со пациентка која почина што значи може да вирусот циркулирал и претходно што не доведе до таа мерка денеска на полициски час, рече Филипче.

-Мислењето на комисијата за заразни со оглед на бројката на заболени кои денес се дознаа, кога веќе е запрен градскиот и меѓуградскиот превоз , а со голем ризик за колакна трансмисија во самата општина, оваа мерка на целосна рестрикција на движењето е за да се спречи локална трансмисија -рече Филипче.

Тој додаде дека многу тешко е да се каже дали лекарите се заразиле од првата пациентка, бидејќи има публикации од Кина дека веќе во голема форма вирусот асимптоматски циркулирал кај населението, затоа ваква мерка се смета дека ќе помогне.

На инфективна клиника еден здравствен работник е позитивен на КОВИД-19, направена е епидемиолошка анкета во семејството, сеуште траат епидемиолошките анкети на клиниката, целиот здравствен и технички персонал на клиниката е целосно заштитен, рече Филипче и дополни дека ризикот да има други заболени е мал.

Од Инфективната клиника во Скопје се испишани тројца пациенти кои се во добра здравствена состојба и тие заминуваат дома. За жал денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, од кои едниот сеуште не потврдено со тест дека бил заразен со Ковид-19. Овој пациент бил на возраст од 70 години од Куманово кој од коморбидитети имал хипертензија и срцева слабост, се чека резултатот од тестот. Другиот е пациент со Ковид-19 на возраст од 68 години, од село во околината на Тетово, кој имал артериска хипертензија со два контролни негативни теста на Ковид-19, рече Филипче.

Во изминатите 24 часа регистрирани се 46 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје-13, Куманово-23, Дебар-2, Прилеп-1, Тетово-2, Велес-2, Гостивар -1, Гевгелија -2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 430. Денеска овие 46 позитивни тестови се од вкупно 389 направени и вкупно досега 4506 тестирања на КОВИД-19.

Има доволно тестови и сега да се спроведе тестирање на сомнителни случаи, има и бџетски средства наменети за тестови, здравствените работници може да се издвојат како посебна бројка од сите заболени, рече Филипче одговараќи на новинарско прашање, и посочи дека здравствените установи дадоа упаства како треба да се постапи со заштитна опрема од која има доволно резерви кои секако се надополнуваат и со донации.

Многу малку има позитивни случаи од пунктови, пред се случаи на кои им пристапуваат епидемиолозите, затоа анкетата не сметаме дека треба да се смени, ова може да сенарече некаква орма на скрининг но добро е што има многу малку позитивни од оние закажани од матични лакари.

Вработените во Институтот за јавно здравје иако задоцнето во однос на другите здравсттвени работници, по направените пресметки и според колективниот договор ќе добијат покачување на платите вклучително со февруари, рече Филипче одговарајќи на новинарско прашање.  А.Р.