Вечерва не се случи договор за датум за избори. Пендаровски не успеа во медитацијата Заев и Мицкоски да се договорат за датум за одржување на предвремените парламентарни избори, кои пред почетокот на коронавирус пандемијата беа закажани на 12 април.

Претседателите на двете најголеми партии не се договрија за датум, но се договорија дека нема да даваат изјави за јавноста. И, го испочитуваа тоа! Дадоа само кратка изјава дека договор не е постигнат.

За разлика од нив кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, испрати соопштение за медиумите, во кое информира дека не е постигнат договор, но дека ќе продолжи комуникацијата меѓу двајцата лидери на партиите.

Само колку за потсетување ова е трета средба на лидерите на политичките партии во врска со предвремените парламентарни избори која завршува со неуспех. Но, ова е прв пат на средбата да учествуваат само лидерите Заев и Мицкоски.

Пред денешната средба  кај Пендаровски и амбасадорката на САД во Северна Македонија Кејт Мери Брнз, и евромбасадорот во земјава Семјуел Жбогар  потенцираа дека е добро лидерите на политичките партии да постигнат договор за одржување на избори.

Н.Д.