Претседателот на СДСМ и мандатор на новата влада, Зоран Заев потврди дека денеска има средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети, но и потврди дека се уште нема обезбедено мнозинство од 61 пратеник.

„Претседателот на државата го доделува мандатот на партијата со најмногу  освоени гласови, и во рок од 20 дена од доделувањето на мандатот треба да се состави влада….“- рече меѓу другото мандаторот на новата влада, Зоран Заев и потенцира дека токму тоа е периодот во кој тој се обвзрува да формира мнозинство и влада која ќе владее наредните 4 години. И верува во тоа.

Заев му порача на ДУИ дека и тие треба да бидат флексибилни, но јасно кажа дека преминување преку црвени линии нема да прифати, туку ќе работи во интересите на граѓаните. На новинарско прашање дали е точно дека ДУИ бара премиер Албанец во првата година од владеењето, Заев не одговори.

Н.Д.