Околу 30.000 луѓе во Европа се потенцијално дел од терористичките заедници, објави директорот на Еуропол, Роб Вајнрајт.

“Работите не се толку јасни. Овие луѓе беа инспирирани, но не се предмет на Исламска држава “, прецизира Вајнрајт пред BTV.

Главните закани денес против Европа се многу комплексни – има експлозија од терористичката активност во последниве години, има киберзаплахи и многу групи кои личат на мафии во многу држави, коментира директорот на Европол.

Според него, терористичките групи во Европа се многу оперативни.