Професор Живојин Глишиќ како претседател на ЗАМП, денес ги повика авторите да ги пријават своите дела под целосно име и презиме.

-Ве известуваме дека согласно Одлука на Собранието на ЗАМП, на 01.09.2020 на веб страната на ЗАМП ќе биде поставен пребарувач кој ќе овозможи пребарување на пријавените авторски дела и тоа како по автор така и по дело. Доколку Ваши дела имате пријавено во ЗАМП под псевдоним ве повикуваме најдоцна до 20.07.2020 год., да се изјасните дали вашите пријавени дела на пребарувачот да бидат објавени под пријавениот псевдоним или под вашето полно презиме и име. По истекот на горенаведениот рок (20.07.2020 год.), доколку не добиеме информација од вас, ќе сметаме дека имате дадено согласност вашите дела да бидат објавени на web пребарувачот со податоците содржани во пријавата на дело доставена до ЗАМП, се вели во неговото обраќање до авторите.

Сето ова ќе придонесе до регулирање на многу правила, како на пример досега многу нефер автори на фестивалите пријавуваат свои дела под псевдоним, особено онаму каде што беше лимитирано дека може да учествуваат со најмногу 2 песни или текстови. А, потоа, под псевдоним и дебело си ги наплаќаа. Ова е еден од подобрите чекори на ЗАМП, за прикажување на вистинската слика и застанување на патот на нечесните автори , кои ги има многу, и тоа во најпознатите.

Валентина Ѓоргиевска Парго