Занаетчиската комора бара од Владата да се преземат чекори за надминување на кризата со коронавирусот предизвикана во нивниот сектор.

Без помош од државата поради намалената побарувачка на услугите од пандемијата се доведува во прашање опстојувањето на бизнисите и работните места на 5 800 занаетчии и 3300 други вработени во оваа дејност, апелираше денеска претседателот на Занаетчиската комора на Скопје Никола Петров.

На денешната прес конференција од Комората бараат во мерката за субвенционирање на плати да бидат предвидени и занаетчиите, а ослободувањето од аконтација на данок на личен доход  додека трае пандмијата да се однесува и за занаетчиите кои паушално плаќаат данок по решение од Управата за јавни приохди и занаетчиите кои плаќаат данок од реално остварен приход се додека трае кризата со панедмијата во занетчискиот сектор. Бараат да се најде можност и занетчиите да аплицираат за кредити преку Развојната банка. Тие кои ќе бидат во самоизолација, пак, да се третираат како болни, а трошокот да биде на товар на Фондот за здраство.

Според претседателот на Занаетчиската комора на Скопје Никола Петров, занаетчиите не се опфатени во ниту една мерка донесена од Владата и досега не добиле одговор за предлозите што ги упатиле за помош.

Претседателот на Занаетчиска комора, Агрон Фазлији, исто така, кажа дека бараат власта да ги вклучи занаетчиите во кредитните линии и во сите мерки кои ќе ги преземе Владата.

Н.С.