Занаетчиската Комора на Република Северна Македонија предлага мерки за помош во надминување на негативните ефекти врз занаетчиството од состојбата со Ковид-19.

Во соопштението што го испратија се наведува дека добро развиено занаетчиство значи и застапување на интересите на занаетчиите на домашниот и странскиот пазар и јакнење на нивната конкурентност. Оттаму нивен предлог е занаетчиите да се ослободат од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците март, април и мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во државата.

Во соопштението потпишано од Агрон Фазлији, претседател на Занаетчиска Комора на РС Македонија, меѓу другото се вели:

– Со оглед на важноста на развојот на занаетчиството за развој на целата земја, неминовно е во новонастаната ситуација во државата и ние како дел од стопанството кое во мометот е целосно блокирано, да понудиме преземање чекори за надминување  на кризата во која занаетчиството е директно погодено, додаде Фазлији.

-Наш предлог е занаетчиите да се ослободат од придонеси за плата и персонален данок на доход за месеците март, април и мај или се до моментот додека не се стабилизира состојбата во државата. Исто така предлагаме и времен престанок на работата на занаетчиите кои се во директен контакт со  луѓето како: фризери, козметичари, педикири и маникири.