четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗаразени здравствени работници и во поликлиника Букурешт?!

Заразени здравствени работници и во поликлиника Букурешт?!

ТЕХТ.МК дознава дака во Центарот за дијабетес во поликлиника Букурешт има позитивни на вирусот доктори и медицнски сестри. Наводно, сите биле на забава за пензионирање кај колешка во саботата, по што се заразиле. Како што се дознава дел од нив уште од вчера добиле позитивен резултат, а дел денеска…Тестови имале направено во приватна лабораторија?!

Прашањето што си го поставуваат граѓаните е зошто се молчи и зошто директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје не излезе и не го каже ова, а постојано говори дека граѓаните не се пријавуваат и гледаат како да избегнат изолација. Ако, здравствените работници го прават тоа, што останува за обичните граѓани!

Како и да е вирусот се шири со несмалена брзина! Дали шведскиот модел е свесно испланиран или стихијно се спроведува останува да видиме. Иако, не смее да заборавиме дека сме далеку од Шведска, а и нашиот здравствен систем не може да се мери со нивниот.

Н.Д.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ