Менаџментот на фабриката Мода АД и Камотекс ДООЕЛ одлучи од денес да се затворат погоните на фабриките со цел намалување на ризиците од ширење на коронавирусот во истите во наредните денови.

Ваквата одлука е донесена по зголемување на бројот на заболени од КОВИД-19 и препораките од Министерството за здравство и Кризниот штаб на општина Свети Николе.

Сите 830 вработени ќе бидат подложени на скрининг тест со цел утврдување на точната бројка на број на заболени лица и секако спречување на ширење на заразата.

Вкупната бројка до денес на заболени од КОВИД-19 во општина Свети Николе е 79 лица. А.Н.