Аеродромот во Женева е затворен поради ладното време што погоди многу делови од Европа оваа недела, донесе големи количества снег и предизвика сообраќаен хаос.

„Поради многу лошите временски услови, аеродромот во Женева во моментов е затворен за сообраќај, затоа советуваме патниците да не доаѓаат на аеродромот“, се вели на сајтот на аеродромот, пренесе Ројтерс.

Администрацијата на аеродромот ги советуваше патниците да проверат со компаниите преку кои летаат, кога ќе бидат закажани следните летови.

Експертите овој леден бран го нарекоа „ѕверот од истокот“, а со себе донесе многу снег, ледени ветрови и многу ниски температури во многу делови од Европа.