Дури 310 прекршувања на забраната за движење се евидентирани од МВР во изминатиот викенд.

Најмногу прекршувања на забраната за движење имало вчера, односно во текот на изминатото деноноќие (12/13.04) според статистиката на МВР дури 172 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 134 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Според статистичките податоци не се издадени решенија за изолација, а 253 лица потпишале изјави за самоизолација.

Во саботата 138 лица не ја почитувале забраната за движење, при што се приведени 121 лице, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така, според статистичките податоци на 77 лица им се издадени решенија за изолација, а 335 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката. А.Р.