четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗа влез во Србија за деца до 12 години не треба тест,...

За влез во Србија за деца до 12 години не треба тест, за сите останати тест не постар од 72 часа

Кризниот штаб на Србија денеска донесе Одлука странските државјани ќе можат да влезат во Република Србија под два услови – негативен ПЦР тест за коронавирус не постара од 72 часа и потврда издадена од комисија составена од претставници на Министерството за здравство, Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура, Министерството за надворешни работи и Министерството внатрешни работи.

Од друга страна, сите странци кои доаѓаат, а немаат доказ дека го направиле тестот и се сунгитативни, ќе мора да одат во изолација.

Србија ќе направи тестови за секој што ќе го побара тоа, а тие ќе бидат направени исклучиво во државните лаборатории, а цената ќе биде околу 60 евра.

Ова се правилата што ќе важат до 31 мај, а потоа постои можност тие да бидат порелаксирани велат од Кризниот штаб на Србија. Од 1 јуни Србија ги отвора границите со 4 соседни земји. меѓу кои и со нашата држава.

Н.Доковска

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ