Самиот факт е дека децата последниов месец имаат ист простор 24/7, дека им недостасуваат пријатели и многу активности на кои се навикнати, па здодевноста што ја чувствуваат целосно го оправдува ваквото однесување. Дали сте најмногу изненадени што дури и најмирните малечки почнуваат да имаат проблеми?

Треба да разбереме дека кавгата исто така може да претставува емоционална и физичка потреба на детето со која тоа не може да се справи, а дека конфликтите кои ги предизвикува се всушност детски повик за помош.

За среќа, постојат многу начини да им се даде на децата внимание и да се научат како да се однесуваат подобро.

Ние ќе ви претставиме четири стратегии:

1. Градење подобро однесување секој ден
Најмалку еднаш дневно, двапати ако е можно, поминете 10-15 минути сам со едно дете и правете со него тоа што тоа сака. Пронајдете начин да му дадете на вашето дете неограничено внимание во овој период. Подоцна, тоа нема да има потреба да се расправа се со својот брат, сестра или со вас. На тој начин ќе добиете мир во куќата.

2. Социјално растојание во домот
Психологијата секогаш потенцира дека никогаш не можеме да контролираме друга личност, туку само ние самите. Без разлика дали живеете во мал стан или дом и дали имате помали деца или тинејџери, можете да создадете посебни места за да одморите едни од други. Направете за секој член на семјтвото мало катче само за него!

3. Создавање квалитетно заедничко време
Бидејќи на децата им е потребно родителско внимание, посветете те им се колку можете повеќе. Доколку имате повеќе деца, гледајте подеднакво на сите да им се посветоте бидејќи кавгите започнуваат дури и кога едното дете чувствува недостаток на љубов од друго.

Можеме да го спречиме ова со организирање на нивни заеднички независни активности. Направете време и простор да ја зајакнат меѓусебната врска кога се во расположение.

4. Решете кавга во еден момент
Колку и да е тешко, најдобро е родителите да останат надвор од кавгата меѓу децата, освен ако не се појават сериозни проблеми. Ако го решиме нивниот конфликт, децата нема да научат сами да ги решаваат конфликтите. Ако треба да се мешаме, можеме да го сториме тоа без да го „долиме маслото на огнот“.

– Скокнете и викнете „леле“. Наместо да ги напаѓате оние кои ја започнале расправијата и да ги исслушате сите детали, можеби изреката: „Леле, се чини дека имате проблем, како можам да помогнам“ би била многу подобра. Ова ќе ги постави работите на вистинскиот пат и ќе ја смири ситуацијата затоа што не обвинувате никого.

– Смирете се и решете го проблемот. Некои деца наидуваат на идеи, а вие им помагате да најдат решение што ќе функционира и за нив. Ако немаат идеја, предложете вие. Најважно е да се ​​направи компромис.

– Сите во ист сос. Ако децата не можат да постигнат договор, условете ги – Или ќе го решат проблемот, или нивната „игра“ ќе биде одземена. Доколку се соочат со истите последици, полесно ќе се функционира како тим за изнаоѓање решение.

Н.С.