Нашата интернационална музичка ѕвезда RIS FLOWER, 2022 година ја завршува со нов сингл насловен “Light Of Your Soul”. Секако ова претставува супер изненадување за неговите фанови кои на ексклузивниот концерт на 13 декември во Public Room ќе имаат можност заедно со RIS FLOWER во живо да ја зацртаат оваа успешна година.
Концертот е поддржан од Porsche Македонија. Карти во продажба https://www.kupikartizase.com/Events/ris_flower

Нумерата “Light Of Your Soul” е на музика и текст на RIS FLOWER, аранжман на Мустафа Чанбазлар, снимена во студио “ARI” – Истанбул, Турција. Видео спотот е во режија, камера и монтажа на Владимир Владимиров, Борис Ралев и Бруно Вељановски. Статист (танчер) е Марија Савевска “Hidden Jems”, а снимано е на локација – “Металски завод Тито”.