четврток, април 25, 2024
домаЖивотЗа оние кои нема да ги ослободат родителите од работа ќе има...

За оние кои нема да ги ослободат родителите од работа ќе има казни

Од денеска децата од градинките и училиштата и универзитети остануваат дома. Со децата до 10 годишна возраст останува и по еден родител, кој ке може да користо две неделно платено отсуство. Родителот кој нема да доаѓа на работа треба да обезбеди соодветна потврда за детето од градинка или од училиште кое го посетува. Потврдата треба да гласи само на едниот родител и да се достави до работодавачот до терминот за пресметка на следната плата. На таков начин ќе го регулира своето отсуство од работа.

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски во имисијата 24 анализа на ТВ 24, појаснуви како ќе се регулира отсуството на родителите со деца до 10 години кои во наредните две недели се ослободени од работа.

-Се работи за платено отсуство  Не треба да земаат денови од одмор, не треба да земаат боледување, со оваа потврда ќе се регулира отсуството, а Владата преку Министерството за финансии и економските сектори во моментов прави пресметки и проценки за евентуален надоместок на одредени ефекти кои би се јавиле од примената на овие мерки. Ова важи само за децата што посетуваат воспитно образовна институција и токму затоа ќе треба да приложат потврда  од градинка или училиште и врз основа на тоа ќе може да ги користат овие услови, објасни Манчевски.

Тој појасни дека мерката важи подеднакво и за раодителите од јавниот и за родителите од приватниот сектор.  Минситерот Манчевски во синоќешната емисија нагласи дека оваа мерка, важи за сите родители освен за тие кои се вработени во здравствениот и безбедносниот сектор, а Владата дополнитено ќе одлучува на кој начин ќе се излезе во пресрет како помош при згрижување на нивните деца.

За непочитување на мерката од страна на сопствениците на приватните компании ќе следат казни.

А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ