На први Мај, на Меѓународниот ден на трудот во Загреб се најавува протест. Млади луѓе, делејќи флаери низ загрепските улици го најавуваат масовниот Првомајски протест, и ги покануваат граѓаните да им се приклучат. На флаерот ги имаат истакнато следниве точки – За праведни плати и подобри услови за работа; За достоинствена старост; За поквалитетно образование како темел на развојот и иднината; За поефикасен здравествен систем, достапен на сите; За ефикасно правосудна и јавна управа и враќање на довербата на граѓаните во институциите; За промена на односот кон Европската Унија и внатре во неа – Европа за граѓаните!

Тие бараат „Реформи за поквалитетен живот и останок на луѓето во Хрватска“. Како што може да се забележи, нивните барања се речиси истите кои со години се проблекуваат и кај нас.

За Први мај пак во Скопје се најавени протести за укинување на приватните извршители, кои безмилосно го осиромашија најсиромашниот граѓанин во изминативе години.