четврток, април 25, 2024
дома„За Тебе љубов моја“ по 18 пат

„За Тебе љубов моја“ по 18 пат

По повод 8 Март – Денот на жената, на 10 март со почеток во 20 часот, Домот на културата во Гевгелија ќе го одбележи празникот со традиционалната 18 по ред музичко-поетска манифестација „За тебе љубов моја“.
Љубовни стихови ќе читаат професори по македонски јазик и литература и влубеници во поезијата, додека ансамблот за чалгиска музика „Чалгија“ при Домот на културата ќе го збогати настанот со својот музички репертоар.
Поради влошената епидемиолошка слика во општина Гевгелија, настанот ќе биде прикажан онлајн, на официјалниот YouTube-канал и официјалната Facebook-страница на Домот на културата.
Минатата година, појавата на Корона вирусот во земјата, ја одложи оваа традиционална манифестација на Домот на  културата, со затворањето на културните институции, која беше една од мерките на Владата на РСМ за заштита од Корона вирусот и спречување на неговото ширење.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ