Следејќи ја традицијата, и годинава Филхармонијата ќе одржи концерт на кој како солисти ќе настапат талентирани студенти од државните факултети за музика во земјава, а кои се избрани по пат на аудиција. Вечерва, 6 јуни, со почеток во 20 часот, ќе се одржи симфонискиот концерт „Звукот на идната генерација“ под диригентство на маестро Борјан Цанев.

На програмата се дела од Меркаданте, Бојаџиев, Рахмањинов, Крусел и Брамс, а ќе настапат студентите: Јана Каевска – флејта (проф. м-р Страшо Темков), Стефан Илиев – труба (проф. м-р Васо Ристов), Иван Трајковски – пијано (проф. д-р Марија Ѓошевска), Ангел Селим – кларинет (проф. м-р Стојан Димов) и Ева Богоевска – виолина (проф.м-р Олег Кондратенко).

Во текот на јуни Филхармонија ќе одржи уште два концерти во Градскиот парк, под заеднички наслов „Филхармонија на отворено“.