Со настапот на JUPITER & OKWESS кои по втор пат ќе го донесат звукот на Конго во Скопје, вечерва се отвора годинашното 17-то издание на ОФФест, на кое до 5 јуни музиката од светот ќе ја донесат и уметници од САД, Италија, Тунис, Турција, Индија, Мали…

Во петте фестивалски дена ќе уживаме во десет изведби и тоа на: Jupiter & Okwess (Конго), Fighting Windmills (Македонија), Dirtmusic (САД/Авс/Турција), Officina Zoé (Италија), Ifriqiyya Électrique (Тунис), Gaye Su Akyol (Турција),  DJ Mukambo (Белгија), Barmer Boys (Индија), Trans-Aeolian Transmission (Франција/Италија) и Oumou Sangare (Мали).

За вечерашното отворање на фестивалот локацијата е МКЦ Денсинг салата, термиот е 21 часот, а цената на билетите е 500 денари.
Иста е цената и за концертот на 1 јуни кога во МКЦ Денсинг салата од 21:00
часот настапуваат FIGHTING WINDMILLS / DIRTMUSIC.

На 2 јуни во  МКЦ Кино Фросина Денсинг сала од 20:00 часот настапуваат
OFFICINA ZOÉ / IFRIQIYYA ELECTRIQUE / GAYE SU AKYOL, билетите се 500 денари, а за полноќниот настап во Клуб Епицентар на DJ MUKAMBO Afro-Grooves – 200 денари.

Билетите за BARMER BOYS / TRANS-AEOLIAN TRANSMISSION на 3 јуни во МКЦ Кино Фросина од 20:00 часот се 500 ден.

За концертот на OUMOU SANGARÉ на 5 јуни во МОБ од 20:30 часот, билетите се по цена од 1200 ден. галерија и 1500 ден. партер.

Комплет билети за фестивалот чинат 1500 денари, но билетот за концертот на OUMOU SANGARÉ не влегува во комплетот. Билетите се во продажба во Југотон Рекордс, МОБ, МКЦ и онлајн на www.mktickets.mk.
Повеќе информации на: 
www.offest.com.mk/tickets.html