четврток, април 25, 2024
домаНасловнаЗголемено ниво на радијација во северна Европа, причината непозната

Зголемено ниво на радијација во северна Европа, причината непозната

Забележано е благо зголемено ниво на радијација на северот на Европа, што не претставува опасност за животната средина и здравјето на луѓето, а причината за овој феномен сè уште не е позната, објави Меѓународната агенција за атомска енергија.

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МАЕА), Рафаел Гроси, вчера изјави дека нивото на радијација во северна Европа е многу ниско и не претставува ризик за здравјето на луѓето и животната средина, пренесува АП.

Вчера, агенцијата ги замоли европските земји да дадат релевантни информации во врска со оваа појава, а 29 држави објавија дека ништо не се случило на нивната територија што може да биде причина за зголемувањето на нивото на радијација на северот на континентот.

Слични наоди дошле од неколку други земји надвор од Европа, додека Русија не е на списокот на земји што поднеле извештај на МААЕ во врска со оваа состојба.

Националниот институт за јавно здравје и животна средина во Холандија во петокот објави дека зголемувањето на нивото на зрачење во северна Европа може да биде предизвикано од оштетување на горивниот елемент во нуклеарна централа во Русија.

Сепак, надлежните власти во Русија истакнаа дека не се забележани проблеми во двете нуклеарни централи сместени во северозападниот дел на земјата.

„Имаме апсолутно напреден систем за следење на нивото на радијација и нема предупредувања за итни случаи“, рече портпаролот на Кремљин, Дмитриј Песков, пренесе „Ројтерс“.

Гроси рече дека очекува повеќе земји да одговорат на повикот на МААЕ и да дадат релевантни информации и дека агенцијата ќе продолжи да ја одржува јавноста информирана за натамошните случувања. А.Н.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ