Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори, а овој пат тоа е Билјана Ѓоревска.

*********************************
ФЕНИКС
Го распалив темјанот
гори пред мене.
Желбата беше твоја.
…Трепери…
Трепери срцето мое.
Трепери од болка и тага.
Трепети од љубов и надеж.
Ќе се обидувам да заспијам.
Да ги избришам лошите мисли.
Но, само се обидувам.
Низ мирисот на темјанот,
како од кандило што чади
мирис на неспокој,
немир се шири.
Се обидувам да продолжам.
Се обидувам да гледам
кон светлата страна.
А темно е, мрак ли е ?
Постојано си велам…
Ти можеш !
Ти издржи !
Ти љуби !
Нешто како да ме кочи.
Нешто ме тера да
застанам во место.
Грутка кал во срцето.
Како камен, врз мало изворче.
Ете ме, невидлива.
Зарем се изгубив на
дното од надежта ?
Секоја помисла на
тебе ме запира.
Ме остава без здив.
Ја запира мојата
крв во вените.
…Стојам…
Стојам во времето,
со трепет во срцето.
Само трепет ми остана.
Каде е вулканскиот камен ?
Лавина од љубов….
Камен кој гореше за
мене и тебе.
Оној кој секогаш светеше
 посјајно од сонцето.
Оној кој лежеше
длабоко во нас.
А онаа мала надеж…?
Ех !
Го носам срцето на феникс.
Да !
Оној моќниот кој после
смртта повторно се раѓа.
Догорува темјанот.
Не, не беше демонот
мој гостин.
Љубовта ја победи
тагата и болката.
Но чадот тлее во мојата душа.
Фениксот ќе го растера воздигнуваќи ме од пепелта во пламен.
Огнени јазли и лавина ќе гори.
Мојата душа патува во мирот.
Онај кој само еднаш доаѓа.
Онај кој само еднаш заминува.