Месечината

Така талкајќи со мислите, во проблемите на битисувањето и секојдневните предизвици, искушенија, докажувања, покажувањето,

ставањето маска, вадењето на истата,

амбициите, лажењето, криењето на вистинското лице на некои личности во животот, кој нѐ опкружуваат,

ми створи немир во моето срце и паднав во длабока анализа,

вметнувајќи си ги прашањата во својот ум “како, што потоа, до кога вака, онака, зошто така мораше да биде?”

Мисловна вежба која не водеше никаде, само во општ хаос и враќање кон самата себе во себе.

Вербата во себе си, ги скрши сите сомнежи .

За миг погледот ми се сврте кон прозорецот.

Месечината како да сакаше да влезе во собата, и да ме прегрне со своите сребрени раце,

да ме заштити, да се нурне во мојата перница од пердуви и шепне:

“Спиј мило , утре е нов ден!”

Ме осветли со божествена космичка енергија и мир.

Си реков е колку е сулудо сето наше постоење, во однос на Вселената,

ние сме само една точка.

И така луѓе мои,

сите грижи исчезнаа за миг, и потонав во длабок мирен сон.

И месечината си отиде по својата месечева патека.

Месечина, месечина јо, јо јо