Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори. Во оваа прилика, споделуваме една песна од поетот Мендо Димовски.

Митска убавина

Одамна омаен од твојата убавина
чекав да се појавиш откако замина
те мислев и посакував во соновина
со надеж да те сретнам на виделина

А ти, осамена како во пустина
предадена на својата судбина
во старост без верба во иднина
остана без љубов и биднина

Но, ќе светне молња од ведрина
и пак ќе блесне митска убавина
со нова љубов и страст во целина
како во младоста, со сета жестина!