Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори. Во оваа прилика, споделуваме една песна од Оливер Глигоров.

ДЕНЕС ЛАЗАРОВА САБОТА

Тој блесок осветлен
од денот
каде сонцето пуштил зраци,
бил наменет за синот Божји
кој се упатил полека
кон градот Ерусалим,
каде од мртвите
после четвртиот ден,
го воскреснал Лазар
кој отишол за миг
во рајот Божји,
каде околу него
биле застанати ангели,
кои биле пред портите
на небото.

Многу народ разбрал
дека Исус е син Божји,
по ова чудо
кога воскреснал Лазар,
тој започнал да чекори
по патеките што воделе
кон Ерусалим,
каде бил пречекан
од неговите следбеници,
шест дена пред неговото
предавство и распнувањето
на крстот.

Денес од рано изутрина
каде денот се радува
девојчињата собираат,
гранчиња од врба
како знак за неговиот пречек,
во градот Ерусалим
додека се движел
со неговите апостоли.

Бил поздравуван
со голема почит
од тогашниот народ,
кој одел по неговите стапки,
цветчиња шарени
во Лазарова сабота,
се носат во дворови
за да ги китат домовите
и се пеат песни,
за нашиот Бог Исус Христос
кој секогаш
живее во нашите срца….

Автор:Оливер Глигоров
07.04.2023