четврток, април 25, 2024
домаЗЕМАМ ЗБОР : Славица Петковска

ЗЕМАМ ЗБОР : Славица Петковска

Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори, а овој пат тоа е Славица Петковска.

****

ВЕНЕЦ ПОЕЗИЈА ЗА ТОШЕ

***

Еден Јануарски ден се роди едно бебе

Во една фамилија

Но никој не знаеше дека на тоа дете сите ќе му се радуваат.

Тој порасна во голема музичка ѕвезда

Затоа што имаше прекрасен глас

Како на славеј.

Тој пеејќи ја делеше љубовта

која беше преголема во неговото срце.

Сега секој ден се будам со неговата фотографија

На неа има волшебна насмевка.

Ми дава сила да го започнам денот

Тој е заедно со мене преку песната.

Неговите родители му дадоа убаво име

Тој се вика Тоше.

 

***

ГУЛАБ

 

Кога би нашла еден бел гулаб

Ќе го земам во дланкиве

Ќе го помислувам и ќе му шеонам:

„Летај, летај гулабе бел

Одлетај од рацеве кон небото

Најди го најубавото ангелче и кажи му

Колку многу го сакам

И подари му ја мојата топла прегратка.

 

***

КРУШЕВО

 

Крушево свети ноќе како ѕвездено небо

Крушево е град на емоции

Таму може да се почувствува и тага и среќа

Волшебно место каде се слуша неговата песна

Рај за душа..

Град каде тој сака да ни каже. Не тагувајте, јас тука сум

Тој е таму, знам!

Таму има духовен мир

Ги затвораш очите и ја чуствуваш неговата љубов

Кога ќе влезеш низ вратата од манастирот

Кога ќе прошеташ низ улиците

Кога јадеш од Крушевскиот локум..

Него моѓеш да го почувствуваш насекаде.

Го чувствуваш Тоше…

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ