Во оваа рубрика, збор даваме на интересни пишувани идеи, визии на автори. Во оваа прилика, споделуваме една песна од Филип Димкоски.
НЕКА ЗАПРЕ ВОЗОТ
Нека запре возот, нека застане
да слезам, да се растчам, по полјанине.
Да се намирисам од биљето,
од ајдучката, од душицата, од смилјето.
На гради да го ставам кантарионот, ливадата што ја позлатува
в место да стојам, а во космосот да патувам.
Нека запре возот, нека застане се’
само јас и ветрот, со тревите да се галиме.
Нека запре возот, да слезам во тревине, трева да станам,
па и кога ме косат, јас мирис да носам.
Филип Димкоски (13.6.2021)