Земјотрес илустрација Фото Shutterstock

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала ја потресе грчката островска група Додеканези на југоистокот од Егејско Море, соопшти грчкиот институт за термодинамика.

Епицентарот на земјотресот бил на околу 60 километри јужно од островот Кос, објавија институтот и Американскиот геолошки институт (УСГА).

Бројни жители на регионот се разбудиле од потресите, објави грчката државна телевизија ЕРТ.

Земјотресот ги погоди островите на југот на Егејот, вклучувајќи ги Кос, Родос и Крит. Нема извештаи за штети или жртви, пренесе ЕРТ.