EPA/WU HONG

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтер го погоди оддалечениот дел на Тибет, но нема извештаи за жртви, соопшти кинеската управа за земјотреси.

Земјотресот бил на длабочина од 10 километри, со епицентар во источниот округ Биру, пренесува Ројтерс.

Кинеските државни медиуми објавија дека нема извештаи за жртви или оштетување на објекти.

Тибет е многу ретко населен. А.Н.