На Светскиот ден на виолината, 13 декември, маестро Зоран Џорлев во МОБ направи голем јубилеен концерт, четири децении плодна и успешна кариера. Заедно со Симфонскиот оркестар изведе обработки на познати македонски фолк теми, а почна со антологиската „Во Струмица на улица“ во авторство на татко му Наско Џорлев. Потоа во придружба на оркестарот ги изведе „Јовано Јованке“, „Море сокол пие“, „Со маки сум со родила“, а „Калеш бре Анѓо“, ја отсвири заедно со маестро Ќазим Асотиќ на фагот и Ѓоко Алоски на труба.

25395386_10155954251234264_1820199887_nГости на концертот му беа младиот композитор Петар Јованов од Австралија, Ратко Даутовски, а големиот пријател и соработник на славеникот, Бедрија Синановски Беџо ги поздрави сите преку видео порака, а потоа Калиопи, школска другарка на Зоки и на Беџо во придружба на Симфонскиот оркестар ја испеа антологиската „Месечина. Потоа и гостинот од Словенија, талентираниот гитарист Ненад Путник, ладиот тапанар Дарко Зафиров, Дамир Имери, вункот од сестра Огнен Здравковски, внуката Оле. Сестрата Софче ја отпеа руската романса „Очи чорнија“.

На сцена ги слушнавме македонски евергрини – „Еден банеж“, „Многу солзи“, „Многу дни пребродивме ние“ и „Го лажам секој нов рефрен“, со посвета на Тоше Проески и додека се слушаше оваа мелодија, во заднина одеа заеднички фотографии од Тоше и Џорлев.

25394407_10155954251349264_1877793989_nЕмотивно изреагира публика кога на сцена настапија заедно со синовите Наско на гитара и Мартин на хармоника, кога со гласот на Дејан Лилиќ ја слушнавме песната што Мартин ја напишал за својот татко.

На сцената, свирејќи на тапани се качи и братот на Зоран, Ристо. „Не кажувај либе добра ноќ“, песна повторно во авторство на татко му Наско, на крај ја испејаа сите членови на семејството Џорлеви, а магичниот концерт заврши со антологиската „Во Струмица на улица“.

Концертот го водеше Каролина Петковска, а го снимаа камерите на Македонската радио и телевизија.

25435258_10155954251354264_378967335_o