ТЕХТ.МК: Ивона е млада, амбициозна девојка, дипломиран економист по финансии на Американ Колеџ во Скопје, а потоа студиите ги продолжи и во Словенија. Во  Македонија започна со бизнис кој верувам го посакуваат над 90% од жените, а и голем број на мажи…Ќе ни кажеш ли за што станува збор?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: По студиите во Љубљана, иако почнав да работам во мојата фамилијарна фирма која е веќе 27 години успешна на пазарот, секогаш чувствував дека можам и сакам сама да создадам нешто повеќе, па така решив да ги соединам искуството од животот во Европа, потребите за промени на луѓето кај нас и брзото темпо на живот. Отворив фирма за здрави и протеински оброци по најпристапни цени на пазарот,каде клиентите можат да дојдат и да пробаат некој вкус. Со други зборови, сакаме клиентите секогаш да се задоволни и да знаат што купуваат.

ТЕХТ.МК: Колку време работиш на ова поле и кои производи може да се најдат кај тебе?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Бизнисот е уште млад, работиме само 1 година и се стремиме кон се поголемо подигнување на свеста кај луѓето околу нивното здравје. Кај нас може да најдете протеински оброци без ГМО, без Глутен, со Колаген, без вештачки засладувачи, протеински чоколада со стевија, оброци за Вегани и Вегетаријанци, протеински чипсови и бисквити итн.

ТЕХТ.МК: Правилната исхрана е важна за развојот на секоја личност. Како се случи да се одлучиш токму за работа со правилна исхрана, и да нудиш токму производи за кои голем дел од јавноста имаат поделено мислење?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Овие производи ги пронајдов шетајќи низ маркети во Љубљана каде живеејќи и мене ми се подигна свеста околу тоа што внесувам во моето тело, и сфатив дека можам да го решам проблемот на мајка ми која има хипотиродна жлезда и е на ваква режим веке 7 години, татко ми кој е дијабетичар и му одговара само протеинска исхрана со малку јаглени хидрати, а воедно да биде и попристапно за многу други кои имаат слични проблеми со исхраната и сакаат да го стават своето здравје на прво место.

ТЕХТ.МК: Што е здрав начин на исхрана?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Здрав начин на исхрана е конзумирање на повеќе, но помали балансирани оброци во денот. Организмот е како моторот на автомобил, треба да му даваме почесто “гориво” за да работи и има енергија. Дополнително, најновите медицински испитувања се дека најголемото зло се јаглените хидрати. Затоа се препорачува многу зеленчук, протеини како морски плодови, посно месо, јајца. Многу вода за да бидете хидрирани, свежи ореви, бадеми, лешници итн. Да не се изостави и ладно цедените масла.

ТЕХТ.МК: Кој е твојот став околу диетите, особено што нудите производи за кои дел од јавноста верува дека се диетални производи. За што точно станува збор?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Зборот диета не би сакала да го употребувам, попрво би рекла дека секоја индивидуа во 21 век треба да изгради свој стил на исхрана според начинот на живеење, пропратено со физичка активност, за да се чувствува пријатно во своето тело. Целата палета на производи се заменски оброци, може да замените 1 или повеќе. Голем дел од нашите клиенти немаат потреба да слабеат, а секогаш сакаат да имаат јадење при рака за да не прескокнат оброк што е многу важно. Тие што сакаат да ослабат заменуваат повеќе оброци. Со препорака од повеќе оброци со малку калории, масти и јаглени хидрати, и нивно конзумирање на 3 часа, се забрзува метаболизмот и резултатите се видливи за многу краток период, особено во обем. Се чувствувате сити, затоа што се богати со протеини.

ТЕХТ.МК: За кого се е наменета оваа исхрана? Дали се препорачува и на деца?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Производите кои ги нудиме се наменети за оние кои сакаат да слабеат на брз и здрав начин, а притоа без да водат грижа дали ги примиле витамините, минералите и нутритивните вредности потребни на организмот. Исто така, многу од нашите клиенти имаат брз ритам на живот, па готовите протеински чипсови, кранчови и бисквити се идеални за да ги понесат со себе. Јас лично не би препорачала за мали деца бидејќи кај нив организмот е сеуште во развој. Исто така, оваа исхрана е и клинички испитувана во EFSA (European Food Safety Authority) и докажано е дека може да ја користат лица со прекумерна тежина, лица со дијабетес, лица со зголемен холестерол и вегетаријанци.

ТЕХТ.МК: Како треба да изгледа едно дневно мени со производите што ги нудиш, односно колку калории треба да зема лицето кое што е на овој режим на исхрана?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Според NuMe начинот на исхрана, треба да се јадат 6 помали оброци во денот со што би се внесувало помалку од 800 калории на ден, на растојание од 2ипол до 3 часа за организмот да биде повторно спремен да работи. На тој начин преку nuMe оброците се внесува повеќе од 60гр протеин за заштита на мускулната маса,  ви даваат оптимална комбинација на сите нутритивни вредности, витамини, минерали и влакна, а дополнително и 10гр колаген кој ја зголемува еластичноста и цврстината на кожата. Лица кои прават физички вежби трошат повеќе калории, па се препорачува да ги надокнадат со едно парче пилешки стек на скара.

ТЕХТ.МК: Кои се повратните информации, односно реакциите што ги добиваш од оние кои ги практикуваат производите што ги нудиш?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Најчеста реакција од клиентите е колку се благодарни и среќни што сум отворила ваков тип на бизнис:)

ТЕХТ.МК: Имаш ли совет за оние кои се двоумат во однос на овој начин на исхрана?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Кога станува станува збор за јавноста секогаш мислењата се поделени. Што сакам да кажам: Луѓето се такви битија кои цел живот се водат по некоја шема што ја имаат зацртано во главата. Некогаш треба да се излезе од таа шема т.е. треба да се пробуваат и непознати работи секако ако се добри за нашето здравје. Луѓето се осмелуваат и пробуваат и не се повеќе скептични за исхранава, особено кога здравјето ќе им се подобри и подобрениот физички изглед ќе им го примети околината. Самодовербата расте, едноставно луѓето се задоволни со самите себе си.

ТЕХТ.МК: Каде се наоѓате, односно каде можат да Ве најдат оние кои сакаат да ја пробаат исхраната што ја нудите?

И.Х.ТРАЈАНОВСКА: Салонот ни е во Скопје, на улица Партизанска, просториите се во склоп на фирмата Рикомак. Исто така вршиме и бесплатна достава до сите градови низ Македонија, со оглед на тоа дека имаме 15 сервисери од другата фирма, кои цело време одат на пат.