По долго време, талентираниот и некогаш активен и наградуван поп пејач Игор Митровиќ, деновиве објави нова песна насловена како “You”, а тимот што стои зад оваа нумера се: музика и продукција Бобан Апостолов – nаBBoo, текст Miceal O’Kane, издавач Nbbo Music Group – Аријан Демоли.

Во неговото музичко конто освен што има многу песни и спотови, учества на фестивали, пред десеттина години настапи и на фестивал во Русија, каде гостин бил светски познатиот Кевин Костнер.