Експертската група за надележни органи на ЕУ за Регулативата на постојани органски загадувачи (РОРѕ) информираше дека во производите кои се рециклираат и од кои се произведуваат играчки, содржат постојани органски загадувачи, како полибромирани дифенил етер и диоскини.

„За да се спречи присуството на високо токсични супстанци во играчките, ЕУ и нејзините земји-членки мора да ја повлечат својата регистрација за ослободување од рециклирање според Стокхолмската конвенција и да воведат построги органичувања за постојаните органски загадувачи во отпадот.“-објаснува Јиндрих Петрик, извршен директор на програмата за токсичност и отпад во организацијата „Арника“.

Во анализата биле третирани производи купени во 7 држави и 4 контитенти. Во најмалку еден примерок од секоја земја, беа пронајдени вредности во редот на стотици pg WHO-TEQ/g, и не се разликуваше дали играчката е добиена од Латинска Америка, Јужна Азија или Европската Унија.

Застапниците истакнуваат дека дупката што ја има во законодавството не се однесува само за европскиот пазар, туку и за земјите во развој. Европа испраќа 15-50% од својот е-отпад или незаконски, или како електроника, во помалку развиени земји, особено во Азија и Африка, каде продолжува да постои – се рециклира и понатаму загадува во форма на рециклирана пластика.

Ова истражување беше спроведено од Арника, ИПЕН, БУНД и Heal. Примероците беа собрани во следните региони на ОН и земјите: Чешка, Франција, Германија и Португалија, Аргентина, Индиа и Нигерија во текот на 2017 и 2018 година