четврток, април 25, 2024
домаЖивотЖивотна срединаИднината е во агроекологијата

Иднината е во агроекологијата

За да се нахрани светот воедно зачувувајќи ја планетата од прекумерното загревање, Обединетите нации поттикнуваат агроекологија, историска пресвртница по децениите „зелена револуција“ заснована на поинтензивно земјоделство.

„Мора да ги зајакнеме одржливите системи на храна (…) и да ја зачуваме животната средина: агроекологијата може да помогне да се постигне тоа“, изјави генералниот директор на Агенцијата за храна и земјоделство на ОН (ФАО), Хозе Грацијано да Силва, на отворањето на Вториот меѓународен симпозиум за агроекологија во Рим.

Од крајот на Втората светска војна, развојот на земјоделството врз основа на масовна употреба на вештачки ѓубрива и хемиските средства пестициди, хербициди, фунгициди …, со цел да се зголеми приносот и да се обезбеди доволна количина на храна на планетата, имаше многу висока цена за животната средина.

„Земјиштето, шумите, водата, квалитетот на воздухот и биолошката разновидност се влошуваат, а зголемување на производството „по секоја цена“ не го искорени гладот ​​во светот“, рече Грацијано да Силва.

Врз основа на знаењето на секој земјоделец за неговата нива, во комбинација со најновиот научен развој, со користење на подобар третман на земјиштето со цел да биде поплодно и со повеќе јаглерод, но, исто така, да се зачува биодиверзитетот, агроекологијата им врти грб на вештачките ѓубрива. Таа, исто така, се обидува да ја намали зависноста од прекумерна механизација кој го зголемува финансискиот товар на земјоделците.

На симпозиумот, кој собира заедно стотици делегати од целиот свет е претставена „Декларација за агроекологија“  која Комисијата за земјоделство на ОН ќе ја разгледа во септември 2018.

Досега, триесет земји, најмногу во Латинска Америка, Јужна Кореја, Кина, Брегот на слоновата коска, но и Австрија, Германија, Данска, Франција, Швајцарија и Италија, утврдија регулаторна рамка која ќе го олесни развојот на агрекологијата во иднина.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА!

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ