Иако неможе да замислите да пиете сок или алкохол без коцка лед, верувам дека откако ќе го прочитате овој текст веќе никогаш нема да порачате пијалок со лед.  Бактериите и нечистотиит може да се најдат на ледoт и во сите можни облици, бои и големини. Бактериите се множат брзо и ако не се забележат навреме, може да  создадат зараза.

Ако површината е контаминирана, бактериите се шират толку брзо, што поединечни видови го дуплираат бројот на секои 10 минути. Стручњаците ги анализирале ледените примероци од 10 ресторани за брза храна во САД. Утврдено е дека кај 6 од 10 локации имало повисоко ниво на бактерии отколку кај повеќето WC школи! Четири примероци биле толку загадени што можеле да предизвикаат сериозни здравствени проблеми.

Во оваа студија бил анализиран и еден ледомат од една болница. Бидејќи машината за лед не била исчистена и сервисирана со години, филтрите за вода не се менувани, создадено е погодно поле за развој на бактерии. Пронајдена е легионела пневмофила, патоген кој предизвикува појава на легионерска болест.

Ледот е одличен додаток на пијалоците, ако е чист. Затоа е многу важно да се исчистат ледоматите, како во рестораните, кафетериите и други објекти, така и оние за приватно користење. Кога келнерот следниот пат ќе ве праша дали сакате коцки лед во пијалокот, размислите добро пред да побарате, бидејќи иако истражувањето е направено во САД, ситуацијата не е ништо подобра во македонските ресторани и кафулиња. Напротив!

Погледнете го видеото и видете што се има во една коцка лед: