На вечерашната вонредна владина седница Владата не донела  одлука со која ќе се бара од Претседателот на државата, Стево Пендаровски продолжување на вонредната состојба. Тоа значи дека од полноќ продолжуваат да течат изборните дејствија, и треба да се одржат 22 дена по овој датум,  односно на 5-ти јули.

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денес рече дека изборите може да бидат и на 8ми јули ако тоа го сака Мицкоски, но откако претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на тоа одговори дека дури утре ќе да даде одговор на последната понуда, Влада се одлучи да не бара продолжување на вонредната состојба и брои 22 дена до избори.

Н.Д.