Комората на извршители информира дека целосната примена на Законот за извршување продолжува од 24.07.2020 година, односно 30 дена по престанување на вонредната состојба.

– Согласно Уредба со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 86 од 01.04.2020 година) е предвидено дека Законот за извршување (Службен весник бр. 72/16,142/16,233/18 и 14/20) нема да се применува од денот на влегување во сила на уредбата со законска сила до 30 јуни 2020 година, a согласно Уредба со законска сила за изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за извршување за време на вонредна состојба (Службен весник бр. 156 од 12.06.2020 година) се менуваат зборовите од првата Уредба „до 30 јуни” со зборовите „заклучно со истекот на 30 дена по престанувањето на вонредната состојба”, стои во соопштението од Комората на извршители на РСМ.

Тоа значи дека нема да почнат со извршување од денеска, како што претходно беше најавено.

А.Н.